Home » Јовановска: Бебето со повреда на раката е во добра состојба, се работи за лесна пареза

Јовановска: Бебето со повреда на раката е во добра состојба, се работи за лесна пареза

by Журнал

Директорката на Гинеколошко-акушерската клиника во Скопје, Викторија Јовановска попладнево во изјава за медиумите рече дека бебето, кое се здоби со повреда на раката при породување, е во добра состојба и дека се работи за лесна пареза која најчесто се повлекува до 48 часа.

Јовановска денеска се сретнала со семејството на бебето и им објаснила како е настаната повредата.

– Им објаснував како е настаната повредата, дека тоа е можна и предвидена компликација – рече Јовановска, појаснувајќи дека ова може да се случи како компликација при попречена поставеност на плодот и дека мајката уште при прием била заведена како мајка со ризик.

Во случајов, како што рече Јовановска, родителите не прават проблем затоа што настанала фрактурата на коската, бидејќи се работи за втор царски рез после две години.

– Плодот е роден во одлична кондиција со многу добра оценка за виталност. По раѓањето, бебето било дадено на проценка кај педијатар. Педијатарот проценил дека се работи за лесна пареза. Таква пареза најчесто се повлекува за 24 до 48 часа – нагласи Јовановска.

Денеска се состанала и Комисијата формирана од страна на ГАК, која ја разгледувала историјата и првично е проценето дека нема стручна грешка.

Бебето беше родено во саботата, на 30 декември. Родителите се од Скопје.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More