Home » Јованов ќе одговара за најтешко кривично дело

Јованов ќе одговара за најтешко кривично дело

by Журнал.мк

За Васил Јованов кој смртно ја прегази Фросина се води постапка за најтешко кривично дело од областа на безбедноста на сообраќајот, посочи Јавниот обвинител Љупчо Коцевски. Ја уверувам јавноста и семејството дека постапката ќе биде ефикасна и ќе инсистираме на најстрога казна, дополни првиот човек на обвинителството

– Се преземаат сите дејствија за обезбедување докази за овој кривично правен настан. Од досегашните докази, за Обвинителството е неспорно дека станува збор за кривично дело сторено со умисла. Токму затоа, Обвинителството во овој случај против осомничениот води постапка за најтешко кривично дело од областа на безбедноста на сообраќајот. Истрагата е поведена за кривично дело од областа на сообраќајот, меѓутоа сторено со умисла, рече Коцевски.

Од Министерството за правда пак, судијката Даниела Алексовска-Стојановска која со судска одлука го спасила возачот Јованов од притвор поради поседување дрога, ја разрешија од работната група која работи на измени на Кривичниот законик. Министерот Филков вели дека со разрешувањето не се лоцира одговорност кај неа за пресудите што ги донела. Одлуката е донесена да не се дискредитира процесот што е започнат за суштинските реформи во правосудството.

За министерот Филков, последниот случај е потврда за непостапување и спороста на донесување на судските одлуки. Ги повика судовите и Судскиот совет да преземат дејствија со кој ќе се преиспита целиот случај.

Од Судскиот совет велат дека будно го следат случајот со Фросина. Првиот човек на ова тело Камбовски вели дека не се исклучува можноста да се отвори постапката против судијата Даниела Алексовска-Стојановска.

Пропустите вели Камбовски треба да бидат санкционирани, но драконските казни за ваквите случаи според него нема да го решат проблемот, кој не е само на постапување на судовите туку на целово општество.

Од Министерстото за правда пак најавија измени во Кривичниот законик со кој ќе бидат предведени построги казни за лица одговорни за сообраќајни несреќи.

Фросина Кулакова беше прегазена на пешачки премин на булеварот „Партизански одреди“ од 20-годишниот Васил Јованов кој возел пијан без возачка дозвола и поминал на црвено светло.

На протестите во Скопје и Кавадарци голем број граѓани побараа правда за Фросина, но и од одговорност од таткото на Јованов, и судијката Даниела Алексовска-Стојановска.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk