Home » Јован Митрески од СДСМ меѓу тројцата потпретседатели на Гаши?!

Јован Митрески од СДСМ меѓу тројцата потпретседатели на Гаши?!

by Журнал.мк

Досегашниот претседател на Собранието, Јован Митрески, најверојатно ќе биде еден од потпретседателите кои ќе го менуваат Африм Гаши во отсуство.

Одлуката не е конечна, но Социјалдемократите нема да се откажат од правото што им следува по закон, еден од тројцата собраниски потпретседатели да биде од опозицијата.

Во минатиот собраниски состав, тогашната опозиција одби да предложи кандидат, но на денешната координација е договорено, СДСМ да даде свој предлог, а другите двајца да бидат од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и на ЗНАМ. Изборот ќе биде во петок, до кога треба да се комплетира и составот на сите собраниски комисии.

Наскоро пред пратениците ќе се најде и Законот за локална самоуправа, кој предвидува, во општините чии градоначалници ќе стапат на повисоки функции, да нема избори.

Од коалицијата „Вреди“ сè уште работат на него, но едно е сигурно, во него нема да има одредба за разрешување на градоначалниците кои ја злоупотребиле функцијата или не си ја вршат работата како што треба.

За овој закон е потребно двотретинско мнозинство од пратениците.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More