Home » Јорк за потенцијалното засилување за Јунајтед: Тој не е подобар ниту од Маунт

Јорк за потенцијалното засилување за Јунајтед: Тој не е подобар ниту од Маунт

by Журнал

Манчестер Јунајтед сигурно ќе доведе неколку квалитетни засилувања во следниот преоден рок, а меѓу имињата кои се споменуваат е и тоа на Кевин Галахер.

Англискиот репрезентативец веројатно ќе го напушти Челси поради фактот што лондонскиот клуб мора да продаде неколку играчи за да избегне санкции за непочитување на финансискиот фер плеј, а сега е поврзуван и со трансфер на „Олд Трафорд“.

Поранешниот напаѓач на Јунајтед, Двајт Јорк, не е голем фан на ваквиот развој на настаните, индиректно критикувајќи го и Мејсон Маунт, кој исто така дојде од Челси минатото лето.

– Прашањето е дали Галахер ќе го зголеми квалитетот во Јунајтед, а јас не мислам дека е така.

– Не можете да купувате играчи кои не се подобри од тие кои ги имате на располагање. Дали е нешто подобар од Маунт? Не е, а и самиот Маунт не е нешто посебно.

– Галахер е добар играч, трча многу, но сепак мислам дека треба да биде едно ниво повисоко за да биде член на Манчестер Јунајтед, – истакнал Јорк.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More