Докторантот на Универзитетот на Јужна Каролина по меѓународни односи, Ивана Јордановска во Отворено рече дека, од сите досега познати информации во врска со конфликтот меѓу Иран и Израел, сигурно е дека земјите немаат голема поддршка од други земји.
Според неа, конфликтот нема да прерасне во поголема војна.
„Треба да сме спремни на повеќе случувања но она што го знаеме досега е дека прво овие две земји немаат многу поддршка од други земји за да прерасне во поголема војна. НАТО секретарот рече дека треба да се случи деескалација. Јордан е еден од најважните партнери во овој регион. Изјавите од САД колку и да ја поддржуваат политиката на Израел кон Иран, немаат реторика која би придонела да прерасне се ова во поголем конфликт. Ќе останам оптимист и мислам дека нема да прерасне во нешто поголемо“, рече Јордановска.
Таа рече и дека во политиката на САД нема апетити и сценарија за да бидат вовлечени во војната.
„Не гледам апетити кај САД за нова инвазија, не постои простор за сценарио каде ќе бидат вовлечени. Не очекувам, не постои политичка клима за такво нешто, нема интерес, геополитички и стратешки за такво дејствување. Кај американската политика гледам генерален настап каде ги поддрржуваат сојузниците и се трудат да им пружат се потребно но сами не навлегуваат и тоа е политиката која се води и кон НАТО и кон Израл“, додаде Јордановска.