Home » Јордан Симонов, Роберт Јанкуловски и Алисија Ферро – добитници на почесни награди „Златна Рамка“

Јордан Симонов, Роберт Јанкуловски и Алисија Ферро – добитници на почесни награди „Златна Рамка“

by Lina Muslija

Во рамки на тридневната фестивалска програма, која започнува утре, на 26.06.2025 година (четврток), почесни награди ќе им бидат доделени на тројца истакнати филмски професионалци од македонската филмска индустрија, на истакнатиот филмски актер Јордан Симонов, на директорот на фотографија Роберт Јанкуловски и на Алисија Ферро, истакнат филмски работник.

Седмото издание на филмската ревија „Златна рамка“ – Денови на македонскиот филм, во организација на Друштвото на филмските работници на Македонија (ДФРМ), ќе се одржи од 26 до 28 јуни, во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар (МКЦ).

Во текот на трите фестивалски денови, „Златна рамка“ ќе биде централното случување кое ќе ги обедини филмските професионалци, авторите, актерите и љубителите на седмата уметност на едно место.

Како дел од овогодинешното издание, на 26 јуни ќе се одржи и пригоден настан во чии рамки ќе бидат доделени почесните награди „Златна Рамка“.

Воедно, во знак на јубилејот 75 години постоење на Друштвото на Филмски Работници на Македонија, на овој настан постхумно ќе бидат доделени и 7 плакети на професионалци кои со својата работа оставиле значаен траг врз македонската кинематографија: Јован Бошковски, Кирил Билбиловски, Никола Лазаревски – Никица, Јордан Јаневски, Делчо Михајлов, Ѓорѓи Ѓорѓиевски – Џокер и Милосав Крстевски – Ага.

„Златна рамка“ е филмска ревија иницирана како дел од стратешката програма за афирмирање на филмската уметност и домашната продукција и ги отсликува вредностите и континуираната мисија на Друштвото на Филмски Работници на Македонија – унапредување на професионализмот, поврзување на филмската заедница и отворање нови перспективи за креативниот израз.

Оваа година, „Златна Рамка“ покрај ретроспективата на едногодишното филмско творештво во Македонија, има уште подлабоко значење, како симболичен осврт на седум и пол децении фокус и афирмација на македонскиот филм, од првите документарни и играни филмови, до современи мозаик приказни, преку кои ДФРМ го трасира патот на македонската кинематографија на домашната и меѓународната сцена.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk