Не само што не ја испочитува препораката и да ѝ упати извинување на колешката Ленче Ристовска, поранешниот претседател на Советот на јавни обвинители ја тужеше Комисијата за спречување комисија, и одново го повтори тврдењето од спорната седница кога се гласаше за унапредување на Ристовска, дека тој со зборовите „таа е на породилно отсуство“ не сторил дискриминација, а комисијата неосновно постапувала.
Напротив, Јолевски пред Урпавниот суд аргументираше дека изјавата е дадена во насока на поткрепа за работата на Ристоска како обвинителка, во периодот кога е на породилно отуство.
Мислењето на Комисијата за спречување дискриминација не е предмет на управни спорови и тужбата од Јолевски треба да биде отфрлена, смета засегната страна во постапката. Обвинителката Ленче Ристовка, смета дека изнесените изјави при нејзиниот избор одново се докажуваат и во оваа судска постапка.
Ристоска која беше обвинителка во СЈО, поднесе пријава против Советот на јавни обвинители со тврдење дека неправедно и без никаков основ ги игнорирало нејзините апликации за избор во Вишото јавно обвинителство.
Според одлуката на Комисијата, Советот на обвинители и нејзиниот претседател Антонио Јолевски имаа рок од 30 дена јавно да ѝ се извинат на обвинителката Ристоска за тежок облик на дискриминација кон неа.
Тоа не се случи, а како одогвор пристигна тужбата од Јолевски до Управниот суд против комисијата. Откако ја разгледа тужбата и ги сослуша засегнатите страни Управниот суд ќе донесе одлука на 4-ти јули.