Home » Јоханес Хан загрижен за Македонија: Сите инволвирани страни да се држат до Договорот од Преспа

Јоханес Хан загрижен за Македонија: Сите инволвирани страни да се држат до Договорот од Преспа

by Журнал.мк

Еврокомесарот за буџет и администрација, Јоханес Хан изјави дека го загрижува случајот со Северна Македонија и ги повика новите власти во Македонија да го почитуваат Договорот од Преспа и да работат на европската перспектива на секоја земја, но и да им помогнат на соседните земји.

„Што се однесува до случајот со Северна Македонија, тоа ме загрижува. Можеме само да ги повикаме сите страни, вклучително особено новата влада на Северна Македонија, да се држат до договорот од Преспа и да работат на европската перспектива на секоја земја, но и да им помогнат на соседните земји. Верувам дека оваа обврска особено на соседните земји, да им се помогне со доследни напори, ќе го поддржи целиот регион. Затоа што навистина верувам дека ако направиме одржлив исчекор, во случајот со Северна Македонија, тоа ќе има влијание врз целиот регион, на пример на разговорите меѓу Србија и Косово, кои треба повторно да се активираат со новата Комисија”, нагласува Хан.

Јоханес Хан, во Комисијата на Јункер (2014-2019) беше комесар за проширување и соседство.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More