Home » Јогурт-извор на протеини со висок квалитет

Јогурт-извор на протеини со висок квалитет

by Журнал.мк

Една чаша јогурт може да ви ги задоволи дневните потреби за калциум и витамин Д, коишто се од суштинско значење за одржување здрави коски. Калциумот, исто така, помага за одржување на коскената густина и ги зајакнува коските преку целиот живот. Се смета дека го намалува ризикот од коскени заболувања како остеопороза.

Луѓето кои страдаат од нетолеранција на лактоза поради некоја алергија, можат спокојно да ги искористат предностите на јогуртот, бидејќи полесно се апсорбира од свежото млеко.

Содржи пробиотици – корисни микроорганизми кои живеат во вашиот дигестивниот тракт и помагаат за отстранување на сите штетни микроорганизми, кои можат да предизвикаат гастроинтестинални и дигестивни проблеми. Овие пробиотици помагаат за балансирано варење и одржување на имунолошкиот систем.

Млечната киселина од јогуртот делува како пилинг, кој помага да се ослободите од мртвите клетки. Можете, исто така, да користите јогурт како маска за кожата.

Јогуртот изобилува со витамини. Една чаша јогурт може да обезбеди различни хранливи материи како калиум, фосфор, витамин B5, цинк, јод и рибофлавин. Тој е богат и со витамин B12, кој е потребен за црвените крвни клетки и нормалното функционирање на нервниот систем.

Консумирањето на јогурт секој ден, може да ви помогне да за го подобрите имунитетот. Пробиотиците помагаат за стимулирање на белите крвни зрнца, кои се борат против инфекции во крвотокот.

Пиењето јогурт го намалува ризикот од вагинални инфекции. Исто така јогуртот го подобрува здравјето на цревата.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk