Home » ЈО и ДЗР одржаа работилница: Разгледани досегашните искуства во соработката меѓу двете институции

ЈО и ДЗР одржаа работилница: Разгледани досегашните искуства во соработката меѓу двете институции

by Журнал.мк

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија и Државниот завод за ревизија, со поддршка од Вестминстер фондацијата за демократија, денеска одржаа работилница на која беа разгледани досегашните искуства во соработката меѓу двете институции и можностите за нејзино дополнително унапредување.

Во рамките на настанот, во работни групи се дискутираше за постапките во поединечни предмети во јавните обвинителства оформени по конечни ревизорски извештаи на Државниот завод за ревизија. Притоа, во директна комуникација меѓу надлежните јавни обвинители и овластените ревизори, беа предложени чекори за поблиска координација во постапувањето и обезбедувањето на доказите за евентуална кривична постапка.

Јавното обвинителство и Државниот завод за ревизија имаат потпишано Меморандум за соработка, а двете институции разработија и упатства за постапување со кои ги усогласија начините на меѓусебна комуникација и координација.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More