Home » Јирген Клоп: Шпанија е фаворит за освојување на титулата на ЕУРО 2024

Јирген Клоп: Шпанија е фаворит за освојување на титулата на ЕУРО 2024

by Журнал.мк

Поранешниот менаџер на Ливерпул, Германецот Јирген Клоп изјави дека Шпанија е фаворит за освојување на титулата на Европското фудбалско првенство во Германија, пишува денеска „Дејли мејл“.

Клоп моментно се одмора на Мајорка со сопругата Ула.

Британските медиуми пренесуваат дека германскиот стручњак во разговор со новинарката на ЕСПН, Агостина Ларок ги коментирал и ги прогнозирал фаворитите на ЕП.

„Во овој момент ми се чини дека Шпанија може да оди до крај“, изјави Клоп.

„Но, Германија е добра. Франција е добра, а Англија дефинитивно ќе биде подобра“, додаде германскиот стручњак.

Шпанија во петок од 18 часот ќе игра во четвртфиналето на ЕП против Германија, а три часа подоцна ќе се сретнат Португалија и Франција.

Преостанатите два дуела од четвртфиналето на ЕП се играат во сабота, а се среќаваат Англија – Швајцарија и Холандија – Турција.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More