Home » Јилдиз ги изневери соиграчите и се обрати на социјалните мрежи: Длабоко жалам за тоа што се случи (Фото)

Јилдиз ги изневери соиграчите и се обрати на социјалните мрежи: Длабоко жалам за тоа што се случи (Фото)

by Lina Muslija

Кенан Јилдиз прерасна во недопирлив стартер на Јувентус под водство на Игор Тудор, но во ситуација кога почна да прави разлика на теренот, младиот Турчин вчера режираше потег кој го стави во центарот на вниманието.

При водство од 2:0 против Монца, Јилдиз реагираше со непотребна агресија и му удри лакт на Алесандро Бјанко, а откако сето тоа беше уловено од ВАР камерите, младиот Кенан заработи директен црвен картон.

Поради прикажана агресија, Јилдиз во најмала рака ќе добие суспензија од два меча, што во превод значи дека Тудор со сигурност нема да може да смета на него на клучните пресметки против Болоња и Лацио.

Јилдиз со потегот ги изневери соиграчите и навивачите на Јувентус, па во текот на денешниот ден испрати и извинување преку социјалните мрежи.

– Длабоко жалам за она што се случи синоќа на теренот. Немав намера да го удрам противникот и му се извинувам за потегот. Би сакал да разјаснам дека тоа е гест кој се коси со моите вистински намери на теренот и гест кој не ја одразува мојата природа и начинот на кој го доживувам фудбалот.

– Би сакал повторно да им се извинам на моите соиграчи, на мојот тренер и на целиот персонал. Исто така, извинување до клубот и до навивачите кои ме поддржа и во оваа ситуација, – порача Јилдиз.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk