Home » Јавното обвинителство и Антикорупциската комисија се координираат за ефикасно следење на изборниот процес

Јавното обвинителство и Антикорупциската комисија се координираат за ефикасно следење на изборниот процес

by Журнал.мк

Во пресрет на претстојните избори, претставници на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија и Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) одржаа работна средба која има за цел да ја засили координацијата меѓу двете институции за ефикасно следење на изборниот процес.

Како што информираа денеска од ЈО, на средбата, предводена од јавниот обвинител, Џељаљ Бајрами, и претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска, биле разгледани подготовките и надлежностите на секоја институција со цел да се осигура мирен и фер изборен процес. Особено внимание било посветено на механизмите за санкционирање на секакви обиди за нерегуларности.

Бајрами го истакнал значењето на Комисијата за следење на нерегуларности и кривични дела поврзани со изборите, објаснувајќи го нејзиниот состав и начин на функционирање. Тој, исто така, го презентирал процесот на постапување по предметите и системот за следење на известувањата преку електронската адреса izbori@jorm.mk.

Димитровска ги споделила активностите на ДКСК во предизборниот период, вклучувајќи ги и напорите за следење на користењето на службените возила од страна на институциите.

За да се осигура транспарентност и одговорност, Јавното обвинителство и ДКСК ќе одржуваат директна комуникација и ќе се координираат при постапувањето по сите пријави за изборни нерегуларности.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More