Home » Јавниот обвинител, Лиле Стефанова и судирот на интереси

Јавниот обвинител, Лиле Стефанова и судирот на интереси

by Журнал.мк

Аргумент плус дека државниот обвинител е зрел за менување дава и неговата Одлука за надзор, со која тој ги прекршил нормите од Законот за спречување на корупција и судир на интереси.

📌 Поточно, на 07.10.2024г обвинителот Коцевски потпишува Одлука за вршење надзор на работата на Вишото обвинителство – Скопје и за таа цел формира работна група, во која битна улога И дал на обвинителката Лиле Стефанова. Но, Коцевски морал да знае дека обвинителка која што постапувала по одредени предмети во прв степен не е законито да врши надзор на истите предмети во втор степен.

📚 Имено, обвинителката Лиле Стефанова лично учествувала и како обработувач и како застапник на поранешното СЈО во предметите “Поштенска банка” и предметот “Драган П. Латас”, а потоа со одлуката на Коцевски добила противзаконито овластување да врши надзор за истите предмети кај нејзините колеги од вишото обвинителство.

Оваа одлука е дополнително контраверзна бидејќи во моментот на ангажирањето на Лиле Стефанова, обвинителот Коцевски знаел дека за неа се води истрага како осомничена во предметот “Бонусите на СЈО” за незаконито примени 94.000€, кој предмет во втор степен по жалба се разгледувал токму во Вишото обвинителство- Скопје, каде таа добила задача да врши надзор. Личниот интерес на обвинителката Лиле Стефанова како осомничена не можел, а да не влијае на нејзиниот надзор или притисок кон колегите во ВЈО-Скопје.

✅️ Останува дилема кој бил мотивот на Коцевски незаконито да поставува ЈО кои ќе си вршат надзор над сопствени предмети?! Дали имал лукративен мотив, или имал цел да ја заштити групата од СЈО од сомневања за незаконско работење во замена за нивната поддршка, или можеби добил политички насоки?!

Но, без оглед на мотивите, со оваа постапка обвинителот Коцевски го прекршил начелото на професионалност во обвинителство, како и членовите 72 и 75 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси.

🚫 Ова е уште еден пример за крупна професионална грешка од страна на Коцевски, во соработка со неговата колешка Лиле Стефанова, заради која истиот треба да си поднесе оставка или да биде разрешен од страна на Собранието.

https://www.facebook.com/story.php?story_fbid=1220358252781834&id=100044230126236&rdid=IDhAELwb9yaqWwEm#

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk