Home » Јас можам да се туркам и на рацете: Кочанчанец го продава својот инвалиден скутер, парите ќе ги намени за лекување на Лео

Јас можам да се туркам и на рацете: Кочанчанец го продава својот инвалиден скутер, парите ќе ги намени за лекување на Лео

Кочаначанецот Благојчо Ѓоргиев реши да го проддаде неговиот скутер за хендикепирани и покрај здравствениот проблем, а парите како што вели, сака да ги донира за лекување за младиот Леонид Индов, кој е во Виена.

by Журнал

На социјалната мрежа Фејсбук, Ѓоргиев појаснува дека скутерот го добил како подарок од свој пријател од Белгија.

„Кој ќе уплати 30.000 денари на сметка на Леонид, минимум 30.000 денари, слободно нека дојде да го земе скутерот, ако му треба, нему или на некој близок. Нека го земе скутерот, јас ќе се туркам во инвалидна собна количка. Фала му на Бога, можам и со рацете да се туркам“, додава Ѓоргиев.

Упати апел до политичарите кои како што вели земаат по 2.000 евра плата.

„Само од вашите пари, по 1.000 евра да одвоите, тоа се 120.000 евра пари, и ќе го завршите проблемот и лекувањето со малиот Лео. Но тешко дека сакате да го направите тоа“, истакнува Ѓоргиев.

Од срце и душа за малиот Леонид Лео❤❤❤.Кој сака нека сподели за да можат повеќе луѓе да видат, се надевам дека со овој потег ке насмевнам барем двајца тажни, едниот што ке добие помош за лекување, а другиот што ке добие инвалиден скутер за многу ефтина цена.!

Posted by Blagojco Brloko Gorgiev on Saturday, February 24, 2024

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More