Home » „Јас мирно си спијам, и граѓаните мирно да спијат“, вели Тошковски

„Јас мирно си спијам, и граѓаните мирно да спијат“, вели Тошковски

by Журнал.мк

„Јас мирно спијам, така да можат и граѓаните мирно да спијат“ – вака министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во гостување на ТВ21, одговори на прашањето дали граѓаните можат мирно да спијат, по сите најави за можна дестабилизација на државата.

Тошковски вели дека во моментов безбедносната состојба е стабилна, иако имало индиции за нејзино нарушување.

„Многупати сум го говорел ова во последните месец дена и сето тоа што сум го кажувал се покажа како реален факт, од аспект на тоа дека постојат обиди за подгревање на меѓуетнички тензии, и тоа сите сме сведоци дека е така, но исто така сите сме сведоци дека МВР и сите останати институции коишто имаат надлежност во безбедносниот сектор, реагираат и ќе реагираат во иднина“, рече министерот.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk