Home » Јаревски: Разрешување на Пајазит Пајазити веднаш, во спротива довербата на народот во судството ќе продолжи да паѓа

Јаревски: Разрешување на Пајазит Пајазити веднаш, во спротива довербата на народот во судството ќе продолжи да паѓа

by Журнал.мк

Разрешување на Пајазит Пајазити веднаш, не само што овозможи да избега Рамадани, туку и условно го осуди Иџет Мемети кој призна поткуп. Пајазити свесно остави простор Блерим Рамадани да избега. Наместо ефективен затворски притвор, тој му допушти куќен притвор, иако знае за каков профил на човек станува збор и дека може лесно да се впушти во бегство, вели Тони Јаревски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

-Пајазити свесно допуштил да избега Рамадани и за тоа треба да сноси одговорност. На ист начин Пајазити постапи и со Иџет Мемети заменик претседател на Советот на јавни обвинители кој призна дека земал поткуп за да влијае за поблага казна за Боро Малборо. Пајазити наместо да пресуди казна затвор, тој пресуди условна казна за Мемети. Од авион се гледа дека одлуките на Пајазити се мотивирани, а не според закон. Пајазити не смее да биде судија, тој ја извалка судската позиција и мора да биде разрешен. Институциите да постапат за негово разрешување, а веднаш потоа да отворат и соодветни постапки, рече тој.

Јаревски посочи дека доколку Пајазити не биде разрешен, довербата на народот во судството уште повеќе ќе паѓа.

-За крај би сакале да најавиме на јавноста дека од утре ќе продолжиме со споделување на нови сознанија за овој случај, истакна пратеникот.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More