Home » Јапонија може да се приклучи кон западните санкции за Русија

Јапонија може да се приклучи кон западните санкции за Русија

by Журнал.мк

Забраната за извоз на јапонска технологија во Русија би била поширока од онаа во 2014 година, по анексијата на Крим, а Токио, исто така, размислува за воведување санкции врз руски банки
Јапонија најверојатно ќе се приклучи на западните санкции против Русија, вклучително и забрана за извоз на електронски чипови и други високотехнолошки производи во земјата, доколку рускиот претседател Владимир Путин нареди инвазија врз Украина, пишува весникот „Јомиури“.

Одлуката на третата светска економија да им се придружи на американскиот сојузник и другите членки на Г-7 во заканата од економски санкции, доаѓа откако Путин им нареди на своите војници да влезат во сепаратистичките региони во источна Украина кои Русија сега ги признава како независни држави, пренесува МИА.

Забраната за извоз на јапонска технологија во Русија би била поширока од онаа воведена во 2014 година по анексијата на украинскиот полуостров Крим, а Токио, исто така, размислува за воведување санкции врз руски банки, објави „Јомиури“.

Јапонските власти се уште не ја коментираа информацијата.

Јапонија во минатото зазеде помек став кон Русија отколку САД, а голем број јапонски лидери се обидоа да разговараат со Путин да ги врати во Јапонија северните острови окупирани по Втората светска војна. Јапонија е, исто така, главен купувач на руски гас.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More