Home » Јапонија ќе забрани влез на туристи во квартот на гејши

Јапонија ќе забрани влез на туристи во квартот на гејши

by Журнал.мк

На посетителите ќе им биде забрането да влегуваат во приватните улички во познатиот кварт на гејши во Кјото, изјави денеска локален функционер, истакнувајќи дека мерката се воведува бидејќи античкиот град се бори со пренатрупаноста на туристи откако беше прогласен крајот на пандемијата „Ковид-19“.

Жителите на Кјото долго време негодуваат и се фрустрирани од лошото однесување на туристите, особено во градскиот кварт Гион, каде има чајџилници во кои „геико“ – како што локално се нарекуваат гејшите – и нивните помлади помошници „маико“ ги изведуваат своите изведби.

Во декември, окружниот совет Гион, составен од локални жители, ги повика градските власти во Кјото да се справат со проблемот, објаснувајќи дека нивната област „не е тематски парк“. Еден член за јапонските медиуми изјавил дека на една „маико“ туристите и го скинале кимоното, а на другата пушеле цигара во нејзината јака.

Со оглед на тоа што проблемот се уште не е решен, советот одлучи да излезе посилно во јавноста. „Ќе ги замолиме туристите да не влегуваат во тесните приватни улици на округот од април наваму“, изјави Изоказу Ота, извршен член на советот.

„Ние навистина не сакаме да преземаме такви мерки, но сме очајни“, рече тој и додаде дека ќе постави соодветни предупредувања и знаци за туристите.

Тој исто така рече дека главната улица на Гион Ханамикојџи, која е јавна, ќе остане отворена за туристи. Ота рече дека групите туристи понекогаш „се однесуваат како папараци“ штом гејшите ќе излезат од тесните улички.

Во 2019 година, општинскиот совет на Гион објави знаци „забрането фотографирање на приватни улици“ со предупредување за казни до 10.000 ¥ (околу 67 американски долари) за прекршителите. Ота истакнува дека, и покрај вообичаените заблуди, гејшите не се проститутки, туку забавувачки, многу вешти во традиционалниот јапонски танц, свирење на музички инструменти и разни игри.

Туризмот во Јапонија повторно цвета откако беа укинати граничните ограничувања од ерата на пандемијата. И другите туристички атракции во таа земја почнуваат да преземаат мерки против прекумерниот туризам.

Ова лето, на планинарите кои ја користат најпопуларната рута за искачување на планината Фуџи ќе им се наплаќа котизација од 13 долари по лице, а бројот на луѓе на патеката ќе биде ограничен за да се намали гужвата и да се подобри безбедноста на корисниците.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More