Home » Јанша осуден на условна казна затвор поради навреда на новинарки

Јанша осуден на условна казна затвор поради навреда на новинарки

by Журнал

Врховниот суд на Словенија ја отфрли денес жалбата на адвокатот на претседателот на Словенечката демократска партија (СДС) и поранешниот премиер на таа земја Јанез Јанша на пресудата на првостепениот суд кој го прогласи за виновен за навредување на новинарките Еугенија Царл и Мојца Шетинц Пашек и го осуди на условна казна затвор.

Врховниот суд по две години од изрекувањето на таа пресуда даде согласност на првобитната пресуда и му наложи плаќање на судската такса.

Јанша е прогласен за виновен за клевета, по твитот за новинарките на ТВ Словенија, Еугенија Царл и Мојца Шетинц Пашек.

Тој е осуден и на три месеци затвор условна, а мора да плати судска такса од 4 евра и трошоците за обвинителите.

Должен е да го плати и надоместот за трошоците за правниот застапник на новинарките.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More