Home » Јанша: Да ѝ понудиме на Украина перспектива за полноправно членство во ЕУ

Јанша: Да ѝ понудиме на Украина перспектива за полноправно членство во ЕУ

by Журнал.мк

Словенечкиот премиер Јанез Јанша ја осуди одлуката на Русија да ги признае украинските сепаратистички региони Доњецк и Луганск и повика Европската Унија да ѝ понуди на Украина „перспектива за полноправно членство“.

„Руското признавање на двете украински сепаратистички територии е јасно прекршување на меѓународното право и на договорите од Будимпешта и Минск. Словенија го осудува овој незаконски чин. ЕУ мора на Украина да ѝ понуди перспектива за полноправно членство“, напиша словенечкиот премиер на Твитер.

Јанша во понеделникот во Словенија имаше билатерална средба со унгарскиот премиер Виктор Орбан, по што двајцата повикаа на деескалација на конфликтот и политичко решение на кризата околу Украина.

По средбата со политички блискиот унгарски премиер, Јанша рече дека ескалацијата на конфликтот „не би имала победник“, особено поради сегашното ниво на развој на воената технологија и дека „секој што штрака со оружје“ треба да го знае тоа.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More