Заменик министерот за финансии Николче Јанкуловски, во емисијата Бизнис 21 кажа дека општините искористиле само 8% од првиот повик за унгарскиот кредит, додавајќи дека ќе бидат искористени повеќе, со оглед дека веќе се имаат потпишано договори и се очекува да завршат уште капитални проекти.
„Една милијарда евра кои ги позајмивме од Унгарија, пола се наменети за општините. Во делот на општините, реализацијата е 245 милиони денари до овој момент. Тоа е околу 8% од тие 77 милиони евра. “, изјави Јанкуловски.