Home » Јаневски: Годината 2023-та е најуспешна по бројот на туристи и бројот на ноќевања во Северна Македонија

Јаневски: Годината 2023-та е најуспешна по бројот на туристи и бројот на ноќевања во Северна Македонија

by Журнал.мк

„Оваа година се фокусиравме на различни видови на промоција за разлика од претходната година. Се работи за претставување на малите семејни винарии и патот на виното. Во следните години ќе се осврнеме повеќе на патот на виното и регионите на кои на мала земјина површина успева да се одгледа многу винска лоза,“истакна директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Љупчо Јаневски за ona.telegraf.rs, на вториот меѓународен саем за вино, храна и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“ во Белград.

Тој посочи дека ако руралниот туризам и ено гастро – концептот е силна страна, не само на Северна Македонија туку и на Отворен Балкан, зошто да не бидеме и први во Европа.

„Ќе работиме се повеќе на дигитализацијата, виртуелни тури, патот на виното и вински дегустации, со цел да ги задржиме туристите на одредените дестинации. Според статистиката 2023 година по бројот на туристи и бројот на ноќевања во Северна Македонија ќе биде најдуспешна со рекордни резултати,“рече Јаневски.

Тој посочи дека по пандемијата многу работи се сменети, како дестинациите, така и барањата на туристите. Така што, тоа ќе даде насока и на што треба да се работи во иднина со цел негово подобрување..

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More