Home » Јаневска за забраната на мобилните телефони: Училиштата се под ингеренции на општините, тие ја носат одлуката

Јаневска за забраната на мобилните телефони: Училиштата се под ингеренции на општините, тие ја носат одлуката

by Журнал.мк

Учениците ќе бидат повеќе фокусирани на знаењето кога кај нив не се присутни мобилните телефони согласна е министерката за образование и наука Весна Јаневска околу дилемата дали е потребно да се воведе забрана на ваквите уреди во училиштата особено по фактот што дел од општините деновиве веќе излегоа со информации дека таквата иницијатива веќе ги дала и првите позитивни резултати.

Сепак, Јаневска потсетува дека училиштата се под ингеренции на општините и тие заедно со менаџерите на училиштата заеднички ја носат таа одлука.

„Во овој момент ќе видиме дали одземањето на мобилните телефони дава резултати, ќе се направи анализа. Но секако во ова денешно време може да има и потреба од употреба на такви уреди и при наставата. Па оттука наставникот кој е носител на образовната дејност ќе одлучи дали децата во тој момент ќе ги користат или нема да ги користат“, нагласи министерката.

Претходно од Општина Центар беше посочено дека иницијативата за забрана на мобилни телефони во текот на наставата се спроведува успешно, таа е одобрена од наставничките совети, а позитивни реакции пристигнале и од педагозите, родителите и стручната фела.

По нив и Општина Аеродром донесе препорака учениците од прво до деветто одделение во сите основни училишта да не ги поседуваат кај себе и да не ги користат мобилните телефони за време на наставата.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk