Home » Јаневска: Со владина одлука се стави одложување на имплементацијата на дел од концепцијата што се однесува за седмо, осмо и деветто одделение во однос на наставните планови и програми

Јаневска: Со владина одлука се стави одложување на имплементацијата на дел од концепцијата што се однесува за седмо, осмо и деветто одделение во однос на наставните планови и програми

by Журнал.мк

„Денес со одлуката на Влада почнуваат позитивните промени во образованието во нашата држава.

Се става одложување на имплементацијата на дел од концепцијата што се однесува за седмо, осмо и деветто одделение во однос на наставните планови и програми без да бидат засегнати изборните предмети за кои сметаме дека се добро решение во идниот процес на образование кај младите.

Ова решение всушност ќе овозможи да надминеме еден сериозен проблем наталожен долги години. Веќе наназад неколку години вие знаете на недостаток на учебници. Секојдневно макотрпно работевме на изнаоѓање решение за овој проблем, дадовме максимални напори. Секојдневно бевме во комуникација, се среќававме со Бирото за развој на образование за да изнајдеме решение и конечно тоа и се случи и со силни барања, со силни напори, успеавме да обезбедиме всушност учебници за децата и оваа година.

Станува збор за седмо одделение, нагласувам и оваа година учениците во Македонија ќе имаат учебници за разлика од претходните години, кога процесот на креирање, печатење, одобрување на учебници од за нас навистина непознати причини, а претпоставувам повеќе познати на јавноста причини беше неодржлив, променлив, со бројни промени во повиците со грешки во учебниците и така натаму.

Да не должам многу, после одлуката на оваа влада ние почнуваме со позитивните промени, и да, децата оваа година на 1-ви септември ќе имаат учебници.“

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More