Дојдовме до крајот на една важна задача што ја поставивме пред 6 месеци и наскоро успешно ќе ја заокружиме. Имаме нова стратегија за образование со рок на имплементација од 2026 година до 2032 година, истакна министерката за образование и наука Весна Јаневска во обраќањето во Владата каде што се претставува новата Стратегија за образование за наредните шест години.
Работна група составена од претставници на Министерството за образование и наука, делегацијата на ЕУ, УНИЦЕФ, Светска банка, УНДП, Бирото за развој на образованието, Центарот за развој на стручното образование, Државниот испитен центар, Државниот просветен инспекторат и граѓанскиот сектор изработи нова Стратегија за образование која ќе се применува од 2026 до 2032 година.









