Home » Јаневска побара трпениe за случајот со ученикот и бојкотот:„Не може цела јавност да го сигматизира детето“

Јаневска побара трпениe за случајот со ученикот и бојкотот:„Не може цела јавност да го сигматизира детето“

by Журнал.мк

Министерката за образование и наука Весна Јаневска побара да им бидат дадени неколку дена на институциите за решавање на случајот со малолетникот и бојкотирањето на наставата во ОУ „Лазо Ангеловски“. Таа предупреди дека на ваков начин се стигматизира детето во јавноста.

„Ве молам да дозволите неколку дена веќе работиме тимски. МОН, Министерството за здравство и Министерството за социјала, демографија и млади го решаваме проблемот. Дозволете неколку дена да дојдеме до најсоодветното решение. Предвидуваме подлабоки, посериозни активности и постапки коишто ќе бидат во корист на детето и решавањето на целиот случај, изјави Јаневска пред почетокот на свечената заклетва на новите членови на Мировниот корпус.

Таа нагласи дека нема понатаму да дискутира за ученикот.

„Неможе цела македонска јавност да го сигматизира детето. Дајте ни време, дајте ни извесен период, време ќе го решиме случајот, рече таа.

Од Министерството за образование и наука информираа дека е формирана интердисциплинарна комисија која треба да го разгледа случајот и да донесе мерки коишто ќе бидат во интерес и на ученикот и на сите инволвирани страни.

За случајот со новиот предизвик на ТикТок, Јаневска ги повика средношколците наместо тоа да се насочат на натпревари во образованието и науката.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk