Home » Јанев: Создаваме функционална полиција во служба на граѓаните

Јанев: Создаваме функционална полиција во служба на граѓаните

by Журнал.мк

Директорот Јанев во разговорите со колегите потенцираше дека е од приоритетна важност полициските службеници да имаат соодветни услови за работа и дека нивното унапредување е на врвот на приоритетите на БЈБ и МВР.

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев денеска беше во работна посета во Секторот за внатрешни работи Штип, штипската сообраќајна полиција и полициската станица во Свети Николе.

При посетата директорот Јанев лично имаше можност да се запознае со условите во кои работат полициските службеници и да поразговара за предизвиците со кои се соочуваат во секојдневното работење.

Директорот Јанев во разговорите со колегите потенцираше дека е од приоритетна важност полициските службеници да имаат соодветни услови за работа и дека нивното унапредување е на врвот на приоритетите на БЈБ и МВР.

Од страна на Јанев беше потенцирано дека посетите на сите организациски единици на полицијата ќе стане редовна пракса и активност со цел квалитетен увид во работењето и функционирање на сите служби кои се под надлежност на Бирото за јавна безбедност, подобрување на условите за работа со цел создавање на функционална полиција која ќе биде во служба на граѓаните и целосно спроведување на законот кој еднакво важи за сите.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk