Home » Јанев: Интерпол во нас препознава кредибилен партнер за соработка

Јанев: Интерпол во нас препознава кредибилен партнер за соработка

by Журнал.мк

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев ја предводи делегацијата на БЈБ која е во прва официјална посета на Интерпол во Лион, Франција.

Посетата се одвива на покана на генералниот секретар Валдеси Уркиза со кој одржале плодна работна средба.

Јанев вели дека стратешки и оперативни прашања важни за јакнење и модернизација на капацитетите на македонската полиција, нашето активно учество во глобалната полициска соработка биле во фокусот на денешната средба.

-Добивме признание за континуираниот придонес на македонската полиција во борбата против сите видови на криминал. Интерпол во нас препознава кредибилен партнер за соработка за која сите се заложивме дека ќе продолжи и во иднина. Се запознавме со иновациите за полициското работење, активностите на Извршниот Директорат за полициски сервиси, го посетивме и Командниот и координативниот центар на Интерпол, кој 24 часа дава оперативна поддршка на сите 196 држави членки на меѓународната полициска организација, а се запознавме и со активностите и придонесот на полицискиот службеник од МВР упатен на работа во Генералниот секретаријат на Интерпол. Професионализмот и посветеноста на македонската полиција е препознаена како силен партнер кој придонесува кон глобалната безбедноста и безбедноста на нашите граѓани и земја, истакнува Јанев.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk