Home » Јанев: ГП Дојран со зголемени капацитети за побрз, поефикасен и побезбеден проток на патници и возила

Јанев: ГП Дојран со зголемени капацитети за побрз, поефикасен и побезбеден проток на патници и возила

by Журнал.мк

Директорот на Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи Александар Јанев денеска бил во посета на Граничниот премин Дојран каде се поставени, оспособени и од денеска функционираат две нови контролни точки, а истовремено се отворени и две нови линии за премин.

– Овој значаен чекор претставува резултат на заедничката идеја што ја инициравме пред неколку месеци заедно со колегите од ГП Дојран и Регионалниот Центар Југ. Денес, таа идеја стана реалност – истакнал директорот на БЈБ Јанев, дополнувајќи дека по децении, по транзиции на држави и администрации, ГП Дојран добива нова димензија, нов изглед кој овозможува побрз, поефикасен и побезбеден проток на патници и возила.

Со новите капацитети, според него, значително се намалува времето на чекање, особено во периодите со зголемен сообраќај.

– Овој проект не е значаен само за локалната заедница – регионот, туку и Македонија како и странските туристи кои добиваат вистинска можност за полесно и побрзо преминување на границата со Грција, преку ГП Дојран. Веруваме дека ова ќе придонесе за зголемување на туризмот, економска размена и уште подобра поврзаност меѓу двете земји. Ова е само уште еден доказ дека кога има волја и визија – резултатите не изостануваат, посочил Јанев – соопштуват од Министерството за внатрешни работи.

Директорот на Бирото за јавна безбедност денеска исто така остварил и работна посета и на ГП Богородица, каде директно од прва линија извршил увид на контролата и протокот на патници и сообраќај.

– Со новопоставениот раководител на ГП Богородица разговаравме за важноста на оваа контролна точка, за потребата од професионално, одговорно и посветено работење на сите полициски службеници кои работат на овој премин. На колегите им нагласив дека постојано се залагам и ќе се залагам за унапредување на условите, знаењето и посебно модернизацијата на полицијата со помош на современите дигитални алатки, кој секој полициски службеник треба да ги гледа и користи како придобивка и олеснување на работењето а не како терет или појава од која треба да се плашат – потенцирал тој.

Јанев нагласил и дека носењето на полициската униформа не е само професија, тоа е гордост и обврска, со што, како што посочил, се претставува државата и секој униформиран полициски службеник има чест да биде репрезент на националните вредности.

Продолжува посветеноста кон унапредување на граничната инфраструктура и создавање услови за модерен, ефикасен и безбеден граничен премин за сите граѓани, порачал директорот на БЈБ.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk