Home » Јанчев се мисли за локална, Николовски вицепремиер и транспорт и врски, Тошковски МВР…

Јанчев се мисли за локална, Николовски вицепремиер и транспорт и врски, Тошковски МВР…

by Журнал.мк

Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев треба до недела да реши дали ќе биде третиот градоначаланик кој што ќе велзе на Илинденска бр 2, како минситер за локлана самоуправа .

Според информациите на ТВ 24, ова а понуда Јаначев ја добил на вчерашната средба со мандатарот Христијан Мицкоски. Во игра е и заменик министер во економија, но и Јанчев како градоначалник да ја чека првата вкладина реконструкција. Освен локална самоуправа, другите ресори Мицкоски ги затвори на поединечни средби со фаворитите неделава. Според информациите од ВМРО-ДПМНЕ, образложението е дека мандатарот во клучните ресори решил да игра со најблиските луѓе од доверба.

Вицепремиер и министер за транспорт и врски ќе биде Александар Николовски, во МВР останува Панче Тошковски, Тимчо Муцунски седнува во МНР, Владо Мисјаловски во одбрана, Гордана Димитровска Кочовска во финансии. Сања Божиновска ќе го води новото министерство за енергетика, сееторот каде што Мицкоски во вторникот најави и прва инвестиција, но и прва чистка со евентуелне криминал.

Во образование веќе е извесна Весна Јаневска, во дигитализација Стефан Андоновски, во земјоделие Цветан Трипуновски, во култура актерот Зоран Љутков, а во новото за млади и спорт Борко Ристовски. Министерството за етнички заедници, како и уште две без ресор ќе добијат помалите каолициски партнери на Мицкоски. Мандатаротор ги чека предлозите на Знам, за правда и админситрација до утре.

Единствена измена од кампусот на „Вреди“ е што по барање на Бујаре Абази, во фотељата за добро владеење ќе седне Арбен Фетаи, кој долги години живеел и работел во Белгија и е близок соработник на Арбен Таравари, кој пак се подготвува за можеби и најжешката фотелја, таа во здарвство.

Од партијата на Касами вчера и официјално ги потврдија имињата на Бесар Дурмиши за економија и Фатмирр Лимани за труд и социјала. Од партијата на собраникиот спикер Адмирим Алити ќе седне како министер за европски прашања.

Мицкоски ќе предводи Влада со 20 министерства, плус три без ресор, изборорт ќе се случи викендот по Задушница, односно на 22 и 23 јуни. Дебата за избор на влада трае 2 дена, а се гласа на полноќ.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More