Денеска потпишавме Меморандум за соработка со Институтот за европска политика (ЕПИ), предводен од Симонида Кацарска, со цел засилено следење на реформите и нивното влијание врз економскиот раст.
Проектот „Следење на реформи и раст во ЗБ“, поддржан од ЕУ, ќе овозможи граѓанските организации поактивно да се вклучат во креирањето на политики и во подобрувањето на реформските процеси.
Ова партнерство е значаен чекор за транспарентноста и ефективноста на пристапниот процес.