Home » Јакимовски за блокирањето на Буџетот: Загрозено е давањето услуги на граѓаните во Карпош

Јакимовски за блокирањето на Буџетот: Загрозено е давањето услуги на граѓаните во Карпош

by Журнал

Градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски денеска ја предупреди јавноста дека поради блокирањето на Буџетот од страна на дел од советниците, доведено е во сериозна опасност работењето на општината и давањето на услугите на граѓаните во Карпош. Со блокирањето на Буџетот, како што рече Јакимовски, директно се загрозува локалната власт.

„За жал можеме да видиме како неодговорни луѓе си играат со држава. Имаме законодавма, судска, извршна и локална власт. Ова е класично загрозување на една власт, а тоа е локалната власт, во конкретниот случај Општина Карпош. Ниту граѓаните, ниту вработените имаат фајде од тоа што некој ќе им каже дека ги разбира и дека нивниот револт е оправдан. Постојат закони кои политиката ја ставиле во одредена рамка и кога на политиката главата ќе и биде премногу усијана и кога ќе прават премногу глупости тогаш настапува законот. За жал никој не го почитува законот и обврската на Советот на општина Карпош, на претседателот на Советот, на 31.12. да донесе или Буџет или да донесе Одлука за времено финансирање. Во конкретниот случај ниту е донесен Буџет, ниту е донесена Одлука за времено финансирање“, рече Јакимоски.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More