Home » Јакимовски: Треба да и дадеме рок на ЕУ до 2030, ако не да си бараме алтернатива

Јакимовски: Треба да и дадеме рок на ЕУ до 2030, ако не да си бараме алтернатива

by Журнал.мк

„Ние треба да им кажеме на ЕУ, дека сме подготвени да чекаме до 2030 година влез. Ќе го тераме тој пат, нема да се откажуваме, но ние мораме да бараме пат за развој на државата“, рече Стевчо Јакимовски, претседателскиот кандидат.

Јакимовски се прашува зошто во Македонија не може да има странски инвеститори како во Србија?

,,Moжно ли е во Македонија да нема ниту еден инвеститор од Саудиска Арабија, од Катар, од Емирати, од Либан да бројам уште? Како тие инвеститори ги има и во Германија, и во Англија како ги има во Америка? Ги има во Србија. Можно ли е Лук Оил да има 1300 бензиски пумпи во Америка, а ние да не смееме ни руска салата да јадеме.”, прашува Јакимовски.

Алтернатива според претседателскиот кандидат Македонија мора да има.

„Зошто говориме за алтернативи? Ние не викаме ќе напуштиме ова ќе одиме во БРИКС. Ќе ги отвориме вратите за инвестирање во оваа држава”, вели тој.

Клучен дел за безбедноста на државата е економскиот потенцијал и стабилност, токму поради тоа Јакимовски потенцира дека ќе се фокусира на македонската економија како претседател на државата.

„Дел од безбедноста на државата е и економскиот потенцијал на државата. Социјалната стабилноста на државата. И тоа и те како е под ингеренции на претседателот. Значи ти ако си економски слаб, па тоа е и нивната цел, ние што повеќе да се задолжуваме, да имаме што поголеми дефиците, што поголема помош да бараме од нив за да немаме каде да одиме”, заклучи Јакимовски.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More