Home » Јакимовски: Се школував за политичар во Титово време, подготвен сум за претседател на Македонија

Јакимовски: Се школував за политичар во Титово време, подготвен сум за претседател на Македонија

by Журнал.мк

Во минатото, вели, бил многу попопуларен од она што е сега, но досега не се кандидирал за претседател на државата оти сметал дека не бил подготвен. „Сега сум“, порача кандидатот за македонски претседател на ГРОМ и градоначалник на Општина Карпо, Стевчо Јакимовски во вечерашното интервју во „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Резултатите што ги имам зад себе, не само во делот на политиката на извршување на јавни функции, туку и како менаџер на претпријатието што го водев, а беше меѓу првите 200 мали претпријатија во Македонија, искуството, едукацијата и моето школување за политичар во Титово време. Имаше периоди во кои бев многу популарен од ова што сум сега, меѓутоа не сум се кандидирал за претседателската функција, бидејќи сметав дека не бев подготвен. Сега сметам дека сум подготвен да ја извршувам највисоката државна функција“, истакна Јакимовски.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More