Home » Јагуар Ланд Ровер се подготвува за електричните, бензинците остануваат во производство

Јагуар Ланд Ровер се подготвува за електричните, бензинците остануваат во производство

by Lina Muslija

Јагуар Ланд Ровер ќе вложи 500 милиони фунти (околу 600 милиони евра), за главната фабрика во ОК да ја приспособи за производство на модели со новата електрична платформа. Се вложува и во продолжување на производството на моделите со мотори со внатрешно согорување од таа фабрика.

Во фабриката на ЈЛР во Хејлвуд, северозападна Англија, во моментов се произведуваат компактниот СУВ-модел Рејнџ Ровер Евок и Ланд Ровер Дискавери Спорт, СУВ од средната класа.

Во фабриката ќе се произведува целосно електричен Рејнџ Ровер, што е конструиран врз новата платформа ЕМА (Електрична Модуларна Архитектура). Стартот е планиран кон завршетокот на 2025 година, објави ЈЛР во претходно соопштение.

Во истата фабрика во иднина ќе се произведуват и други електрични модели со платформата ЕМА.

ЈЛР ја најави инвестицијата во Хејлвуд на 26-ти септември, но не посочи точни датуми.

ЈЛР во 2023 година најави дека Хејлвуд ќе прерасне во прва фабрика на компанијата што ќе произведува исклучиво електрични возила. Но, извршниот директор Адријан Мардел, неодамна кажа дека компанијата ќе им го продолжи векот на моделите со МВС (мотори со внатрешно согорување), подготвувајќи се за преоѓање на производство исклучиво на електрични возила, што ќе трае подолго.

„На Хејлвуд ѝ претстои возбудлива иднина со производство на МВС, приклучни хубриди и БЕВ-модели, едно покрај друго“, објави ЈЛР во соопштението од 26-ти септември.

ЈЛР веќе има потрошено половина од 500-те милиони, во подготовка на фабриката. Тоа вклучува и нов погон за изработка на каросерии на возила со платформата ЕМА, во којшто ќе може да се изработуваат по 500 возила дневно.

Повеќе роботи

Должината на целата производствена лента е зголемена од претходните четири на 6 километри, заради додавање постројки за вградување на батериите. Набавени се и 40 нови самостојни роботи што ќе помагаат во поставувањето на батериите.

ЈЛР постави и нови рампи за калибрација на коишто се мери брзината на реакцијата на новите и напредни системи за асистенција во возењето. Станиците за монтажа на возилата исто така се проширени на седум метри за да „ги прифатат различните пропорции на новите електрични возила со ЕМА,“ соопштува ЈЛР.

Производителот соопшти и дека е завршена пробната изработка на каросериските школки за модели со платформа ЕМА. Првите прототипи од возилата веќе се пуштени во тестирање.

ЈЛР не соопшти кој модел на Рејнџ Ровер прв ќе ја користи платформата ЕМА, иако домашните медиуми, меѓу кои Аутокар, објавија дека тоа ќе биде електричен модел што ќе го замени СУВ-моделот од средна класа Велар.

ЈЛР ги зголеми планираните инвестиции за период од пет години, од првичните 15 на сегашните 18 милијарди фунти. Тоа меѓу другото е направено и поради продолжувањето со производство на модели со МВС во Хејлвуд.

Директорот за финансии на ЈЛР, Ричард Молино, им соопшти на аналитичарите за време на денот за инвеститори во јуни, дека производителот ги зголемил инвестициите за да може да произведува мотори подолго од очекувањата, затоа што забави движењето на браншата во насока на електрични автомобили во светски рамки, наспроти првичните очекувања.

Производителите на премиум автомобили се обидуваат да бидат колку е можно пофлексибилни во поглед на понудата од различни видови погон, но бавното напредување на електричните автомобили на клучните пазари, како што се САД, ја продолжи планираната временска рамка.

„Сé додека една погонска технологија не победи глобално, ние мора да продолжиме со вложувањето во повеќе видови погон во исто време, а тоа значи дека и иневстициите може да пораснат,“ кажа Молино.

Платформата ЕМА ќе ја користат и ЈЛР и модели од индиската Тата Моторс, којашто е сопственик на ЈЛР. Тие модели ќе се произведуваат во Гуџарат, Индија, наменети и за локалниот пазар, но и за извоз, соопшти претходно Тата.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk