Јадењето риба еднаш до двапати неделно има бројни здравствени придобивки, вклучувајќи подобрување на срцевото здравје, на мозочната функција и поддршката на имунолошкиот систем.
Рибата има голема хранлива вредност, се препорачува за сите возрасти и подеднакво е корисна за здрави и болни. Широкиот спектар на видови риби го условува и различниот начин на припрема на риба.
Секој тип на рибата е богат со омега-3 масни киселини, висококвалитетни протеини и важни витамини и минерали, што ја прави неопходна за оптимално здравје.
Рибата е лесна за варење. Ова е резултат на нејзината структура на мускулни влакна и мало количество колаген. Како таква е идеална во исхраната за болни од гастритис, улцерозен колит, диспепсија или гастроезофгален рефлукс
Бројни истражувања покажаа дека го намалуваат ризикот од срцеви заболувања и воспаленија, а важни се и за пренаталниот развој на бебето.