Home » Јаболко-микс од супстанции кои делуваат благотворно на здравјето

Јаболко-микс од супстанции кои делуваат благотворно на здравјето

by Журнал.мк

Слободно може да се каже дека секое јаболко е микс од супстанции кои делуваат благотворно и на здравјето и на вашиот изглед. Без разлика дали ќе изберете зелено, црвено или жолто јаболко, телото ќе ви биде благодарно за секој залак што ќе го изедете.

Изобилува со витамин Ц, витамини од групата Б, калциум, калиум, фосфор, железо, магнезиум и цинк, но овој сочен плод содржи и многу антиоксиданти и растителни влакна кои дополнително го засилуваат одбранбениот систем на телото.

Самото касање и џвакање на јаболкото го стимулира лачењето на плунка во усната празнина, која од своја страна ги измива бактериите и го намалува ризикот од создавање на кариес. Присуството на калциум уште повеќе го зголемува позитивниот ефект на јаболката врз забите.

Не ги прескокнувајте јаболката ако сакате да ослабите или да ја одржувате витката линија. Овие плодови содржат многу вода и малку калории а освен тоа содржат растителни влакна кои ја зголемуваат ситоста.

Јаболката го помагаат варењето на храната и го зајакнуваат имунитетот. Помагаат и во регулирањето на шеќерот во крвта.

Јаболкото го намалува холестеролот и делува позитивно на срцето и крвните садови. Помагаат во превенцијата од срцеви болести и атеросклероза.

Консумирањето на јаболка може да го намали ризикот од појава на астма и рак на белите дробови. Истражувањата покажале дека кај децата чии мајки редовно јаделе јаболка во текот на бременоста, ризикот од појава на астма значително се намалува.

Истражувањата покажале дека јаболката во најголема мера го намалуваат ризикот од рак на белите дробови, но исто така постојат докази дека го редуцираат и ризикот од рак на дебелото црево, рак на панкреасот и рак на дојка.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More