Home » Ја удирал со боксови, со нога по лице и крвава ја силувал – Притвор за скопски монструм

Ја удирал со боксови, со нога по лице и крвава ја силувал – Притвор за скопски монструм

by Журнал.мк

Поради основано сомнение за сторено кривично дело – Полов напад и силување од член 186 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка против 37-годишен скопјанец.

-Осомничениот, на 21 февруари, насилно извршил обљуба врз жена во автомобилот сопственост на неговиот татко, принудувајќи ја на сексуален однос против нејзина волја и согласност. Жртвата за цело време се спротивставувала на неговите допири, но тој ја удирал по главата и телото со боксови и тупаници, како и со нога по лицето, по што таа започнала силно да крвари. На крај, насилно ја принудил и на сексуален однос, иако жртвата неуспешно се обидувала да се оттргне и да избега, информираат од ОЈО.

Со оглед на тоа што во конкретниот случај постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство и можност осомничениот да го повтори делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk