Home » Ја фати носталгија за „Дома“ или само онака… Марија Спасовска се потсети на најомиленото искувство (ФОТО+ВИДЕО)

Ја фати носталгија за „Дома“ или само онака… Марија Спасовска се потсети на најомиленото искувство (ФОТО+ВИДЕО)

by Lina Muslija

Македонската пејачка од новата генерација, младата Марија Спасовска е активна на социјалната мрежа Инстаграм, а овој пат на многубројните следбиениците им го привлече вниманието со еден убав спомен.

Марија сега се потсети на еден момент кој младата убавица го доживеа пред шест години во месец ноември.

Таа во 2018 година со песната „Дома“  ја претставуваше Македонија на детската евровизија, а тогаш тврди дека се стекнала со едно ново искуство кое и денес и е едно од омилените.

Марија  се потсети на нејзиното учество и по тој повод објави фотографија на која позира со македонското знаме.

„Пред шест години на Детска евровизија  – секогаш најомиленото искуство“ – напиша таа и остави срциња емотикони.

А на обожавателите им откри дека после толку време одлучила да си ја пушти  „Дома“ и да ја слушне повторно.

Песната испрати топла и хумана порака до сите деца во светот, со музика и аранжман на Дарко Димитров и заеднички текст на Елена Ристеска и Дарко Димитров.

Инаку како што веќе пишувавме и е познато, младата македонска пејачка Марија Спасовска во октомври годинава замина на студии во Грција. Своето академско школување го започна на престижниот универзитет City College во Солун.

Aко сакате да ја преслушате повторно песната можете тоа да го сторите во продолжение:

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk