Home » Ја доловија зимската магија: Македонските јавни личности со „снежни“ фотографии на Инстаграм (фото)

Ја доловија зимската магија: Македонските јавни личности со „снежни“ фотографии на Инстаграм (фото)

by Lina Muslija

2025 почна најубаво, никогаш повесела и поисполнета. Познатите заминаа да уживаа на снегот, па пратија поздрав од зимската магична идила до следбениците.

Социјалната мрежа Инстаграм се наполни со снежни фотографии па оние кои останаа во топлите домови можат да уживаат гледајќи ги  убавите фотографии од познатите.

Македонските јавни личности одлучија да ја почувствуваат зимата и  да  одморат на планина, како на далечните дестинации така и во поблиските наши ски – центри.

А  се разбира, зимските лудории и  уживањето на чист воздух дефинитивно секогаш е добро и примамливо за сите возрасти.

Пејачката Тамара Тодевска уживаше и се забавуваше на снегот заедно со  саканиот, Лука. Тие пратија поздрав од Маврово расположени и насмеани од уво до уво .

Пејачката Андријана Јаневска исто така скијала во Маврово.

Таа се фотографирала на снегот  и сподели дел од  моментите со нејзините следбеници на  „Инстаграм“.

Маврово го посети и ТВ водителката Билјана Дебарлива која прошета низ снегот  со нејзиниот миленик.

Пејачката Викторија Лоба пак, замина  со сопругот надвор од границите на Македонија.

Таа на фотографиите кои ги сподели зрачи со позитивна енергија на една од скијачките центри во Италија.

Македонската водителката Александра Пановска- Илиевска  заедно со семејството замина во Крушево. Таму правеле и снешко, а фотографијата која ја споделија личи на разгледница.

Познатите ги споделија зимските волшебства, а со тоа станаа и доволен мотив да ги поттикнат и оние кои засега останаа дома тоа наскоро да го направат .

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk