Home » Јаќимовиќ: Додик не избега во Русија, таму е на покана на Путин

Јаќимовиќ: Додик не избега во Русија, таму е на покана на Путин

by Журнал.мк

Амбасадорот на Босна и Херцеговина во Македонија, Драган Јаќимовиќ во Аргумент плус рече дека Милорад Додик не избегал во Русија туку таму е на покана на рускиот пчретседател Владимир Путин.

Според него, проблемот настанал кога високиот претставник од Германија пристигнал во Босна и Херцеговина.

„Милорад Додик замина во Руската Федерација пред се на покана на рускиот претседател каде што имаше состанок, не побегна. Мислам дека во последните 10 – 15 год ова е 15-ти или 16-ти пат како се среќаваат двајцата лидери што покажува дека само Лукашенко имал повеќе средби. Одлични се односите меѓу Република Српска и Русија“, рече Јаќимовиќ.

Тој зборуваше и за посетата на високиот претставник од Германија во Босна и Херцеговина.

„Што е причината за проблемот за моментална ситуација во Босна и Херцеговина. Моменталната всушност таа почетна причина е т.н високиот претставник кој ни доаѓа од Германија. Јас сакам така да го наречам каде и да гостувам. Тоа за мене е еден добар турист кој има плата од 27 000 евра. Која е заддачата на виоскиот преставник? Да го имплементира пред се мирот во Босна и Херцеговина. Да се придружуваме до Дјетон. Високиот претставник малку се заигра. Мислам дека тоа што го прави не е добро за граѓаните. Тензиите се политички, имате политики кои се креираат во Бања Лука и во Сараево. Најважно за граѓаните е да имаат мир стабилност и сигурност. Неприфатливо е странец да управува со државата“, додаде Јаќимовиќ.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk