Home » Јајца – полни со минерали и витамини

Јајца – полни со минерали и витамини

by Журнал.мк

Витаминот Д е хранлива материја од суштинско значење за развој на коските, здравје на скелетот, здрави мускули и регулирање на имунитетскиот систем, но сепак се проценува дека 1 од 8 лица ширум светот имаат недостаток на витамин Д. Витаминот Д е основна хранлива материја со неколку важни функции, јајцата можат да ви помогнат да го направите тоа. Исто така познат како „сончев витамин“, витамин Д се произведува во вашата кожа како одговор на сончевата светлина и исто така природно се произведува во мал број на храна, вклучувајќи јајца.

Јајцата се полни со минерали и витамини, а според Medical News Today, тие се одлични за имунитет. Имено, откриено е дека витамините А и Б12 ги стимулираат имунитетните функции, а овие витамини се наоѓаат во јајцето. Диетата што содржи јајца ни помага да добиеме два витални минерали за здравјето на имунитетот, а тоа се цинкот и селенот.

Витамините во јајцата не се важни само за зајакнување на имунолошкиот состав – тие се неопходни и за здравјето на мозокот. До неодамна се сметаше дека жолчките може да го зголемат нивото на лош холестерол, што може да доведе до срцеви заболувања и затоа многумина решија да ја избегнуваат оваа храна или да јадат само белки.

Иако неколку студии докажаа дека јадењето јајца може да го зголеми добриот холестерол, истовремено имајќи номинален или никаков ефект.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More