2.8 C
Skopje
Tuesday, December 7, 2021

Јутјубер поминал два дена закопан под земја, а потоа заплакал: „Ова беше глупаво“

Најчитани вести

Јутјуберот Џими Доналдсон, познат под прекарот „MrBeast“, поминал повеќе од 2 дена закопан во ковчег под земја.

Во 20-минутното видео кое прикажува моменти од неговите 50 часа под земја, „MrBeast“ открил што правел и како се чувствувал.

Уринирал во пластично шише, а признал дека воопшто не се чувствувал пријатно.

„Сакам да се помрднам, но не можам. Ме боли грбот, почнувам да чувствувам клаустрофобија, здодевно ми е, прилично лошо мирисам“, изјавил тој по 20 часа поминати под земја.

Со пријателите претходно зборувал дека тие, ако од било која причина го откопаат порано, ќе употребат електрошокер на него. Откако поминал 50 часа закопан под земја, 22-годишниот Јутјубер се расплакал.

„Вака изгледа кога си закопан жив. Толку сум среќен што излегувам надвор што плачам. Ова беше глупаво“, признал додека пријателите го откопувале.

„Како некој кој е исклучително клаустрофобичен, ова буквално би ме убило“, „Фактот дека Џими заплака е само доказ дека навистина поминал 50 часа под земја“, „Ова е мојот најголем страв, а тој го прави тоа од забава“, се дел од коментарите под видеото кое има 51 милион прегледи.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com