30.8 C
Skopje
Sunday, July 25, 2021

Јунските пензии ќе се исплаќаат од 29-ти јуни

Најчитани вести

Владата на вчерашната 81 седница ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за јуни 2021 година и го задолжи Фондот на пензиско и инвалидско осигурување да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 28 јуни годинава. Владата им препорачува на деловните банки да обезбедат пензионерите да може да располагаат со јунските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 29 јуни 2021 година.

Како што соопшти владината прес-служба, на банките им се препорачува преку нивните филијали и експозитури да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата.

За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата ќе се изврши на 29 јуни 2021 година, а за пензии од 11.001 до 14.000 денари на 30 јуни 2021 година. Ппензиите од 14.001 до 18.000 денари ќе се исплаќаат на 1 јули 2021 година, а тие над 18.001 денари на 2 јули 2021 година.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести