28.8 C
Skopje
Friday, August 6, 2021

Јунајтед сака разговори со Погба за нов договор

Најчитани вести

Манчестер јунајтед сака да разговара за можноста за потпишување нов договор со играчот од средниот ред Пол Погба. Управата на Манчестер јунајтед има намера да се сретне со агентот на 26-годишниот Французин Мино Рајола, пренесува „ЕСПН”.

Тековниот договор на Погба со Манчестер е со важност уште две години. Играчот од средниот ред го бараат Реал и Јувентус.

Оваа сезона Погба настапи на четири натпревари и забележа две асистенции. Тој ги пропушти последните неколку натпревари поради повреда.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести