14.8 C
Skopje
Sunday, October 2, 2022

„Јунајтед мора да заборави на трофеите во наредните две години“

Најчитани вести

Рио Фердинанд, поранешен играч на Манчестер јунајтед, смета дека клубот мора да започне со реконструкција на тимот. Во својот подкаст, Фердинанд, рекол дека клубот мора да заборави на трофеите уште најмалку две години.

„Проблемот е што Рангник е привремено решение, за неколку месеци ќе мора да менуваат се. Ќе следува уште едно реновирање. Новиот менаџер ќе донесе нов стил и нови барања кои играчите ќе мора да ги усвојат. Мислам дека Јунајтед ќе треба да заборави на трофеите уште најмалку две години“, рекол Фердинанд.

Тој смета дека новиот менаџер, треба да добие одврзани раце, тој да ги контролира работите во клубот, нешто што го прави Јирген Клоп во Ливерпул.

„Тој процес ќе трае. Не можете да реновирате и веднаш да победувате. Такви работи не се случуваат. Ливерпул не го направија тоа. Колку време му беше потребно на Клоп да ја освои титулата? Морате да видите како работеле другите клубови. Понекогаш морате да бидете искрени и да се соочите со реалноста“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com