-1 C
Skopje
Monday, January 18, 2021

Јунајтед има план Б ако извисат за Мегваер: Со 50 милиони евра купуваат стопер од Барса!

Најчитани вести

Иако англиските медиуми веќе објавија дека трансферот на англискиот репрезентативен стопер Хери Мегваер од Лестер во Манчестер јунајтед е завршена работа и дека тој ќе стане најскапиот дефанзивец на светот, преминот почна да се компликува, а крајот на преодниот рок е сѐ поблизу во Премиерлигата.

Јунајтед има проблеми со трансферот на Мегваер и тоа поради Лестер и нивното инаетење околу сумата и начинот на исплата на рекордниот трансфер, а плус според последните информации Јунајтед останал на пет месеци поради повреда и без Ерик Баји, па затоа планот Б за засилување на стоперската позиција е Самуел Умтити од Барселона.

Францускиот репрезентативец е желбата на Јунајтед ако се искомпликуваат до крај работите, па каталонските медиуми потврдија дека веќе постојат почетни контакти за трансфер вреден 50 милиони евра. Сепак, сѐ зависи од Мегваер и Лестер.

Умтити дојде во Барса од Лион во 2016 година и беше стандарден партнер на Жерар Пике, но по повредата го загуби местото од Клемен Ленгле и не успеа да се врати во препознатливата форма, па сега е во втор план на „Камп Ноу“.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести