Интер очајно се обидува да го ангажира Ромелу Лукаку, информација која што сама по себе не е ништо нов, но од друга страна Манчестер Јунајтед со најновиот потег испрати јасна порака за неговата иднина.
Имено „црвените ѓаволи“ на предсезонската турнеја ќе замине и со Белгиецот со што станува јасно дека нема намери да го продадат.
Цената која од „Олд Трафорд“ ја поставија на напаѓачот, е 75 милиони фунти, но во моментот „нероаѕурите“ не се подготвени да ја платат.
Најновиот предлог на Интер беше да се изнајми на две сезони за по 9 милиони фунти плус задолжителна клаузула од 58 милиони фунти во 2021 година, но и обаа понуда беше веднаш отфрлена