Манчестер Јунајтед ги обнови преговорите со Јувентус за напаѓачот Марио Манџукиќ, објави „Скај Спортс“. Вчера беше откриено дека Јунајтед конечно го прифатил предлогот на Интер за Ромелу Лукаку, кој веќе е во Милано.
Претходно овој месец „црвените ѓаволи“ не успеаја да го разменат Лукаку за Пауло Дибала, а сега менаџерот Оле Гунар Солскјер ризикува да ја започне сезоната без замена на Белгиецот.
Остануваат уште неколку часа да најдат нов напаѓач, па го продолжија дијалогот за купување на Манџукиќ.
Клубот од „Олд Трафорд“ веќе долго време се интересира за 33-годишниот Хрват, кој минатата сезона постигна 10 гола на 33 натпревари за Јувентус.
Искуството на Манџукиќ може да помогне на подмладениот тим на Солскјер.